На 18 октомври во Истанбул симпозиум за глобалните прашања

Поздравниот говор на симпозиумот кој ќе се одржи под покровителство на „TRT World“ ТВ-канал на ТРТ на англиски јазик кој пртставува меѓународен глас на Турција, ќе го одржи претседателот на републиката Реџеп Тајип Ердоган.

826307
На 18 октомври во Истанбул симпозиум за глобалните прашања

На 18 октомври во Истанбул ќе се одржи голем симпозиум на кој ќе се дискутираат глобалните прашања

Поздравниот говор на симпозиумот кој ќе се одржи под покровителство на „TRT World“ ТВ-канал на ТРТ на англиски јазик кој пртставува меѓународен глас на Турција, ќе го одржи претседателот на републиката Реџеп Тајип Ердоган.

На форумот на „TRT World“ кој се одржува првпат, ќе учествуваат околу 400 политичари, бизнисмени, академици, активисти и новинари од целиот свет. На форумот ќе се дискутираат актуелните културни, политички, економски и социјални безизлезни случаи на кои ќе се бара решение.

Главна тема на овогодишниот прв форум кој се планира да прерасне во традиционален е „Да се биде инспирација за промени во ера на неизвесности“.

Меѓу говорниците на форумот на „TRT World“ се наоѓаат поранешниот шпански премиер Хозе Луис Родригез Запатеро, ќерката на поранешниот активист Малколм X Илјаша Шабаз, министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, министерот за одбрана на Јужна Африка Батабиле Олив Дламини, генералниот директор на Турската Радио и Телевизија ТРТ Ибрахим Ерен  и генералниот директор на ТВ-канла РУСИ Карин вон Хипел.

Меѓу панелистите се наоѓа и првата министерка од муслиманско потекло на Британија баронесата Сајед Варси која поради политиката на земјата кон Газа поднесе оставка од министерската должност за религија и заедници.

Заинтересираните и учесниците со поопширни и детални информации за форумот можат да се стекнат преку следната веб адреса „forum.trtworld.com“.

 



Слични вести