Израел постави безбедносни камери наспроти портата Ал-Асбат на џамијата Ал Акса

Палестинскиот претседател Абас рече дека нема да дозволат да се постават електронски детектори за пребарување метал на портите на Ал Акса

776317
Израел постави безбедносни камери наспроти портата Ал-Асбат на џамијата Ал Акса

Израел постави безбедносни камери наспроти Лавовската порта (Ал-Асбат) на џамијата Ал Акса

Очевидци истакнаа дека наспроти Лавовската порта на високи места беа поставени безбедносни камери.

Израелскиот Канал 2 соопшти дека детекторите за пребарување метал што беа поставени од страна на Израел на влезот на џамијата Ал Акса предизвикаа големи тензии поради што беше усвоена одлука за отстранување на истите.

Во веста во која беше истакнато дека Израел наместо тоа на влезните порти на џамијата Ал Акса ќе постави полицајци кои со рачни детектори ќе вршат контрола, директорот на полицијата на Ерусалим Јорам Ха-Леви и градоначалникот на Ерусалим Нир Берекат изразија поддршка на овој потфат. Пред поставувањето на безбедносните камери, министерот за регионална соработка Цачи Ханегби  изјави дека нема да се отстранат електронските детектори за пребарување метал кои беа поставени пред џамијата Ал Акса.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас рече дека нема да дозволат да се постават електронски детектори за пребарување метал на портите на Ал Акса.

Абас во говорот на Вториот национален форум на палестинските учени луѓе во градот Рамалах во Западниот брег рече дека нема да дозволат да се постават електронски детектори за пребарување метал на портите на Ал Акса. Суверенитетот на Ал Акса е наш. Акса треба да ја пратиме ние и на влезот на џамијата треба да стоиме ние, рече Абас.



Слични вести