Ѓобеклитепе кандидат на Списокот на светско културно наследство на Турција

Ѓобеклитепе важи за најстар храм на светот

774493
Ѓобеклитепе кандидат на Списокот на светско културно наследство на Турција
Göbeklitepe

Археолошкиот локалитет Ѓобеклитепе ќе биде кандидат на Турција за Списокот на светското културно и природно наследство на Турција за идната година.

Ѓобеклитепе кој важи за најстар храм на светот  ќе биде 18-то по ред културно богатство на Турција кое ќе биде вброено на Списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО од Турција.

Археолошките ископувања кои траат 54 години во околината на Шанлиурфа, идната година се очекува да ја заврши кандидатурата за пријавување на Списокот за светско културно наследство на УНЕСКО.

За промоција и развој на археолошкиот терен беше изготвен инвестиционен план од 15 милиони долари.

Од 1963 година наваму кога археолозите и научниците од Истанбулскиот и американскиот универзитет Чикаго првпат ги започнаа површинските ископувања на археолошкиот терен на кој се простира локалитетот Ѓобеклитепе до денес се откриени голем број камени статуи на диви животни и човечки фигури, остатоци на храмот и една статуа на човек стара 12 илјади години.



Слични вести