Големо интересирање на туристите кон античкиот град Сагаласос

Сагаласос е еден од најзначајните антички градови во околината на Бурдур

773635
Големо интересирање на туристите кон античкиот град Сагаласос

Валијата на градот Бурдур Шериф Јилмаз рече дека античкиот град Сагаласос во близината на месноста Агласун  во првите шест месеци го посетија околу 14 илјади туристи.

Валијата Јилмаз го посети античкиот град и од претседателот на делегацијата за археолошки ископувања на античкиот град Сагаласос Жероен Проблом се стекна со детални информации за протоколот за археолошките ископувања.

Поблом рече дека Сагаласос е еден од најзначајните антички градови на подрачјето.

По посетата на античкиот град и ископувањата, валијата Јилмаз рече дека на лице место се стекнал со детални информации за ископувањата и потенцираше на значењето на новите откритија.

Валијата Шериф Јилмаз потенцираше дека новите археолошки откритија во рамките на ископувањата го зголемија интересирањето на туристите кон античкиот град. Лани античкиот град Сагаласос привлече 27 илјади туристи, додека само во првите шест месеци на годинава оваа бројка изнесува 14 илјади рече Јилмаз.



Слични вести