Фестивалот на турски филмови во Мостар стартуваше со филмот „Визонтеле“

Фестивалот се одржува во рамките на манифестацијата „Мостарско лето“

772694
Фестивалот на турски филмови во Мостар стартуваше со филмот „Визонтеле“

Фестивалот на турски филмови во Мостар стартуваше со филмот „Визонтеле“ на режисерите Јилмаз Ердоган и Омер Фарук Сорак.

Граѓаните на Босна и Херцеговина покажаа големо интересирање кон прикажувањето на турските филмови во Народниот театар во Мостар што се одржа под покровителство на Институтот Јунус Емре во рамките на манифестацијата „Мостарско лето“.

Директорот на Народниот театар Алмир Мујкановиќ во говорот на свеченото отворање рече дека фестивалот во Мостар ќе ги збогати културните активности на градот. Институтот Јунус Емре покажува голема ангажираност во низа сфери остварувајќи низа различни проекти. Секако дека нивните остварувања претставуваат пример за нас какви се активности би можеле да оствариме ние во иднина.

Во рамките на фестивалот кој ќе трае до 21 јули, освен филмот „Визонтеле“, ќе се прикажат и филмовите „Татко ми и син ми“ на режисерот Чаган Ирмак, „Радосен живот“ на Јилмаз Ердоган, „120“ на Озхан Ерен, „Долга приказна“ на Осман Синав, „Разбојник“ на Јавуз Тургул и „Девојката со црвена марама“ на Атиф Јилмаз.



Слични вести