Со средства од Турција отворена нова џамија на Филипините

Џамијата беше отворена после џума намазот во присуство на високи претставници од Управата на верски прашања на Турција

744823
Со средства од Турција отворена нова џамија на Филипините

За потребите на Муслиманите на Филипините отворена џамија и Исламски културен центар во Таклобан, изградена со средства на Управата за верски прашања на Република Турција.

Џамијата беше отворена после џума намазот во присуство на високи претставници од Управата на верски прашања на Турција,истакнати личности од муслиманската заедница во Таклобан како и голем број верници.

Самбо Јаокасин помошник на гувернерот на Таклобан на свеченоста по повод отоварењето на новата џамија и Исламскиот културен центар рече дека Република Турција беше една од првите земји кои пристигнаа веднаш после катастрофалниот тајфун што го погоди подрачјето и која испрати помош за настраданото население.Турција со отворањето на оваа џамија и Исламскиот културен центар им даде најубав подарок на Муслиманите во Таклобан. Ова ќе претставува уште една алка во низата на мошне добрите односи меѓу Филипините и Турција.

Инаку за изградбата и докомплетирањето на џамијата и на Исламскиот културен центар во Таклобан на Филипините која ќе располага со капацитет од 350 лица и која е поставена на површина од 400 квадратни метри Управата за верски прашања на Република Турција потроши приближно 1 милион долари.

 



Слични вести