ТРТ го одбележува 53-от роденден

ТРТ остави неизбришливи траги во животот на сите граѓани на Турција

724044
ТРТ го одбележува 53-от роденден

6 мај 1927 година. Се почна со гласот кој се слушна од мистериозната кутија.

Турција се запозна со радиото и радио емисиите. Постепено почнаа да се отвораат радијата во Истанбул, Анкара, Измир.

Турскиот народ многу го засака радиото.

Со години живееше во волшебниот свет на гласот што оддекнуваше од радио кутијата.

1 мај 1964 година повторно беше една пресвртница во историјата на Турција.

Имено Турција на овој датум се запозна со телевизијата.

Со законот за формирање на Турската радио телевизија (ТРТ) се формираше Турската радиодифузна куќа ТРТ.

ТРТ стана круна на сите куќи во Турција.

Програмите и емисиите кои се емитуваа преку црно-белите квадратчиња им беа понудени на гледачите.

Повремено не натажуваа, смееја и разонодуваа.

Денес Турската радио и телевизија ТРТ која остави неизбришливи траги во животот на сите граѓани на Турција, без оглед на нивната возраст, го одбележува 53-от роденден.

Делегацијата на Турската радио и телевизија ТРТ предводена од генералниот директор Шенол Ѓока по повод одбележувањето на годишнината на формирањето на ТРТ го посетија мавзолејот на Ататурк и положија венец.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во пораката со честитки по повод одбележувањето на годишнината рече:

Денес ТРТ со новите канали и емисиите на повеќе јазици освен тоа што ја зголеми гледаноста, исто така се стекна со респектно место меѓу светските радоидифузни куќи.

ТРТ со 13 ТВ-канали, 17 радија и веб страници на 41 јазик е светска марка.

ТРТ преку радио, телевизиските и интернет емисии и програми се следи од страна на милиони лица во светот и тоа од Блискиот Исток до Кавказ, од Балканот до Централна Азија.



Слични вести