Порака со честитки од претседателот Ердоган до генералниот директор Ѓока
ТРТ со чувствителноста кон националните и духовни вредности продолжува да важи за пример за останатите радиодифузни куќи во светот

Претседателот на републиката Реџеп Тајип Ердоган во пораката со честитки на генералниот директор на Турската радио и телевизија (ТРТ) Шенол Ѓока му ја честита 53-та годишнина од формирањето на ТВ-куќа.
Ердоган во пораката рече:
Турската радио и телевизија (ТРТ) со чувствителноста кон националните и духовни вредности продолжува да важи за пример за останатите радиодифузни куќи во светот.
ТРТ со исполнувањето на очекувањата на граѓаните се повеќе се следи рече претседателот Ердоган и подвлече дека како резултат на долгогодишното искуство од над половина век, силната технолошка инфраструктура, новите канали и емисиите на повеќе јазици секој изминат ден се повеќе ја зголемува стапката на гледаност, поради што денес важи за еден д светските ТВ-канали.
ТРТ и натаму продолжува да важи за значајна школа во сферата на радиодифузијата, рече Ердоган.
Од друга страна пак, делегација на ТРТ предводена од генералниот директор Шенол Ѓока по повод 53-та годишнина од формирањето го посетија мавзолејот на Ататурк и положија венец.
При потпишувањето на спомен книгата на Мавзолејот, генералниот директор Ѓока рече дека ТРТ решително ќе продолжи со своето принципиелно ниво на емитување емисии.