Концерт на децата од целиот свет на Фестивалот на детето

Централната прослава по повод Меѓународниот фестивал на детето годинава се приредува во Невшехир,Кападокија.

718727
Концерт на децата од целиот свет на Фестивалот на детето

Централната прослава по повод Меѓународниот фестивал на детето годинава се приредува во Невшехир,Кападокија.

Концертот на децата дојдени од целиот свет се одржува во спортската сала Дамат Ибрахим Паша .Концертот започна со интонирањето на националната химна на Република Турција како и пригодна програма, како натпревар по рецитирање поезија, фолклорни песни и игри ,дресирање на полициски кучиња и квизови по знаење.

Главен организатор на прославата на Фестивалот на детето во Невшехир е Турската Радио и Телевизија.

Нешто потоа на сцената се појавија детските ансамбли од земјите учеснички на фестивалот кои пред публиката се претставија со песни и игри од нивната татковина.

Публиката воодушевено и со силен аплауз ги проследи сите претстави. 



Слични вести