Турските телевизиски серии на второ место во светот

Моментално главни пазари за извоз на турските телевизиски серии се Блискиот исток, Балканот, Источна Европа, Северна Африка, Јужна Америка и Централна Азија

706562
Турските телевизиски серии на второ место во светот

Турскиот сектор за производство на телевизиски сериски филмови во последните 10 години забележува досега невиден раст.

Американскиот неделник Варајети во последниот број се осврнува токму на оваа тема и пишува дека турските телевизиски серии во последните неколку години постигнуваат големи успеси во светот и дека Турција веднаш после САД се пласира на второто место во светот според извозот на сериските филмови.

Варајети пишува дека турските телевизиски серии се особено популарни во Латинска Америка така да се најдоа меѓу 15' те најпопуларни емисии на ранг листата на гледаност.

Од продажбата на телевизиските серии Турција досега обезбеди 350 милиони долари,подвлекува списанието Варајети и вели дека моментално цел на турската индустрија за произведување на телевизиски серии е фокусирана на 2023 година за кога е планирано да се обезбедат 750 милиони долари од нивниот извоз.

Моментално главни пазари за извоз на турските телевизиски серии се Блискиот исток, Балканот, Источна Европа, Северна Африка, Јужна Америка и Централна Азија.

Во последно време најпродавани серии во странство се телевизиските сери ( Мојата татковина) Vatanım Sensin, (Ѓумуш) Gümüş и )Животна песна) Hayat Şarkısı.

Само до пред години турските серии се прикажуваа во педесетина земји а денес веќе во 142.

 



Слични вести