Во Мексико ќе прекине печатењето на еден весник
Одлуката за прекинувањето на печатењето на весникот беше усвоена поради небезбедната средина како и индиферентноста во врска со убиствата

Еден весник во Мексико соопшти дека поради недоволната безбедност на новинарите ќе го прекине печатењето.
Оскар Канту Мургуа, претставникот на весникот Норте кој се објавува во градот Хуарез на северната страна на земјата на границата со САД, одлуката ја објави на насловната страница.
Во веста под наслов „Пријатно“ Канту рече дека одлуката за прекинувањето на објавувањето на весникот ја усвоиле поради небезбедната средина како и индиферентноста во врска со убиствата.
Канту во написот истакна:
Се во животот има почеток и крај како и цех кој треба да се плати. Ако цехот за тоа е животот, јас не сум спремен да го платам овој цех не само со мојот живот туку и со животите на другите колеги.
54 годишната новинарка Мирослава Бреаш од северната провинција Чивава на 23 март беше пронајдена мртва пред куќата со 8 куршуми во телото, новинарот Рикардо Монлуи на 19 март беше убиен на излегување од еден ресторан во Веракруз каде што беше на вечера со семејството.
На 2 март, Сесилио Пинеда Бирто кој се бавеше со слободно новинарство беше жртва на нападот во една автоперална.
Комитетот за заштита на новинарите со седиште во САД соопшти дека од 1992 година до денес во Мексико се убиени 38 новинари.
Организацијата соопшти дека уште 50 новинари биле убиени поради сеуше непознати причини.