Турски мецосопран се пласира во финалето на „ББС Кардиф Пејач на Годината“

Езги Каракаја познат турски мецосопран успеа да се пласира во финалето заедно со уште 20 натпреварувачи на натпреварот „ББС Кардиф Пејач на Годината“

704571
Турски мецосопран се пласира во финалето на  „ББС Кардиф Пејач на Годината“

Езги Каракаја познат турски мецосопран успеа да се пласира во финалето заедно со уште 20 натпреварувачи на натпреварот „ББС Кардиф Пејач на Годината“ на кој натпревар учествуваа 450 најдобри пејачи од неколку земји од светот.

Каракаја инаку е членка на оперскиот ансамбл на Операта и Балетот на Анкара.

Каракаја на финалето што ќе се одржи од 11 до 19 јуни годинава во Кардиф Британија, ќе се натпреварува за освојување на првото место и за добивање на титулата „Пејач на годината“ на ББС.

ББС целиот настан ќе го објавува во живо.

Натпреварот „ББС Кардиф Пејач на Годината“ за прв пат се одржа во 1983 година и од таа година светската оперска сцена се збогати со сега веќе звучните оперски имиња како што се  Брин Терфел, Карита Матила, Дмитри  Хворостовски и Анја Хартерос.

 



Слични вести