Почина светски познатиот американски џез музичар Ал Жеро

На 76 години од својот живот во Лос Анџелес почина славниот американски музичар Ал Жеро, едниот од легендарните имиња на џез музиката

671078
Почина светски познатиот американски џез музичар Ал Жеро

Светот на музиката во тага...

На 76 години од својот живот во Лос Анџелес почина славниот американски музичар Ал Жеро, едниот од легендарните имиња на џез музиката.

Овој светски познат музичар во текот на својата кариера има освоено голем број награди и им придаде живот на познати песни во џез, поп и ар-ен-би музиката.

Со албумите кои што ги издаде во текот на својата приближно 50 годишна музичка кариера се стекна со светско реноме.

Ал Жеро на своето реноме му придаде уште поголема афирмација и го прочу уште повеќе своето име и со музиката што ја направи за серијата „Сина месечина“ која беше гледана со голема заинтересираност и во Турција.

Познатиот музичар извесно време се наоѓаше на лекување во болница.



Слични вести