Морган Фриман стана рекламен лик на Туркиш Ерлајнс

Снимениот рекламен филм со Морган Фриман ќе се емитува на 5 февруари на финалето на Супер Боул во Американската национална фудбалска лига НФЛ

655829
Морган Фриман стана рекламен лик на Туркиш Ерлајнс

Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) постигна договор со светски познатиот актер Морган Фриман за да стане нејзин рекламен лик.

Рекламниот филм со познатиот актер кој воедно е и пилот снимен во Лос Анџелес ќе се емитува на 5 февруари на финалето на Супер Боул во Американската национална фудбалска лига НФЛ која инаку е најмногу гледана програма во историјата на американската телевизија и која се следи од страна на 800 милиони лица.

Туркиш Ерлајнс како прва турска марка која се појави на сцена во финалето на Супер Боул во Американската национална фудбалска лига НФЛ која инаку е најмногу гледана програма во историјата на американската телевизија и на кое се прикажуваат светски џиновски мерки, минатата година беше спонзор на филмот „Бетмен против Супермен“ и со оваа своја рекламна кампања имаше пристап до 35-насто од населението на САД.

Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) која продолжува да ја проширува својата мрежа на летови во Америка со дестинацијата за Атланта за која што почна да лета минатата година бројот на своите дестинации на континентот го зголеми на 9.

Финалето на Супер Боул во Американската национална фудбалска лига НФЛ чии права за емитување се за два пати повредни од финалето на Лигата на шампионите на УЕФА и е гледано повеќе и од финалето на Американската професионална кошаркарска лига НБА минатата година го гледаа 800 милиони лица.

Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) оваа година на натпреварот што ќе се одигра на 5 февруари има за цел да има пристап до 48-насто од населението на САД.

Светски познатиот актер и воедно пилот Морган Фриман (79) својата прва награда Оскар го освои во 1987 година со филмот „Street Smart“.

Фриман досега освои награди со филмовите „Driving Miss Daisy“ (Возејќи ја госпоѓица Дејзи) во 1989 година, „Shawshank Redemption“ (Бегство од Шоушенка) во 1994 година и „Million Dollar Baby“ (Девојка од милион долари) во 2004 година.

Морган Фриман воедно е и режисер и продуцент.

 



Слични вести