Стартува новото радио „ТРТ хабер радио“

Проектот беше резултат на потреба

652614
Стартува новото радио „ТРТ хабер радио“

Стартува новото радио на Турција „ТРТ хабер радио“.

Прв гостин во живо на новата адреса на радио новинарството на „ТРТ хабер радио“ беше генералниот директор на Турската радио и телевизија ТРТ Шенол Ѓока.

Ѓока во емисијата беше придружуван од страна на заменик главниот и одговорен уредник на Информативните и спортски емисии ТРТ Хабер и спор, Кудрет Догандемир.

Генералниот директор Ѓока во изјавата рече проектот беше резултат на потреба. Во освртот на визијата на информативното радио на ТРТ, Ѓока рече дека тоа претставува различност.

Логиката на радиото е малку поразлична. Ако можете да емитувате радио емисија која ќе ја замислите и поаѓајќи од мистериозноста на тоа што слушателите не можат да ве видат, пренесувањето на информацијата на еден поинаков начин, ја зголемува љубопитноста. Затоа во рамките на нашите активности решивме да ја развиеме постоечката структура на радиото и на слушателите да им обезбедиме да добиваат посигурни подоверливи информации.

Одлуката за формирање на информативното радио „ТРТ хабер радио“ беше донесена по обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ) и претставува плод на долгорочна работа, рече Ѓока и потенцираше на првата средба на слушателите со ова радио.

Се прават многу информации, како политички, социјални така и низа други. Во последно време во нашата околина се забележува голема раздвиженост. Владее голема меѓународна раздвиженост. Затоа решивме да формираме посебен информативен модел кој ќе се наоѓа во склопот на радиото. Сакавме новото радио да биде поразлично од претходните.

Радиото „ТРТ хабер радио“ освен актуелните случувања и информации ќе емитува и емисии во врска со културните и уметнички активности од секојдневниот живот. Во првата етапа се планира да се емитува во 28 градови, а со текот на времето да се прошири во 60 градови.

Радиото „ТРТ хабер радио“ во Анкара може да се слуша на фреквенција од 95,0, во Истанбул на 88,8, во Измир на 94,1.



Слични вести