Почесна награда за Шенол Ѓока од Газиантеп

Чувствувам голема чест што припаѓам на оваа голема нација

651761
Почесна награда за Шенол Ѓока од Газиантеп

Почесна награда за генералниот директор на Турската радио и телевизија (ТРТ) Шенол Ѓока од Газиантеп.

По повод 10 јануари Денот на новинарите, Здружението на новинарите на Газиантеп на одржа свечена манифестација.

На свечената манифестација на генералниот директор на ТРТ Шенол Ѓока му беше доделена почесна награда за придонесот за развојот на националните документарни програми и домашни серии како и нивното запознавање во светот.

Генералниот директор Ѓока во говорот што го одржа на приемот на почесната награда рече дека медиумите одиграа мошне значајна улога во борбата против обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ).

„Чувствувам голема чест што припаѓам на оваа голема нација“ рече Ѓока.



Слични вести