Серијата на ТРТ „Воскреснување: Ертугрул“ ќе се емитува и во Катар

Веста беше соопштена од страна на генералниот директор на катарската медиумска компанија Абдурахман бин Хамад Ел Тани кој преку социјалната мрежа Твитер сподели и визуелна слика подготвена за серијата

647689
Серијата на ТРТ „Воскреснување: Ертугрул“ ќе се емитува и во Катар

Телевизиската серија „Воскреснување: Ертугрул“ која се емитува преку екраните на Турска радио-телевизија ТРТ и која соборува рекорди по бројот на гледаност ќе се емитува веќе и во Катар на арапски јазик.

Серијата ќе се емитува преку телевизискиот канал ТВ Доха.

Веста беше соопштена од страна на генералниот директор на катарската медиумска компанија Абдурахман бин Хамад Ел Тани кој преку социјалната мрежа Твитер сподели и визуелна слика подготвена за серијата.

Според оваа споделена порака на Ел Тани телевизиската серија „Воскреснување: Ертугрул“ ќе почне да се емитува во Катар почнувајќи од 16 јануари.

Генералниот директор на Турска радио-телевизија ТРТ Шенол Ѓока претходно изјави дека инвеститори од блзиу 60 земји се обратиле за купување на правата на емитување на телевизиската серија „Воскреснување: Ертугрул“ во нивните земји.



Слични вести