Мјузиклот „Ла Ла Ленд“ освои рекордни седум Златни глобуси

На доделувањето на годинашните награди Златен глобус синоќа во Лос Анџелес мјузиклот „Ла Ла Ленд“ освои дури седум награди и постави рекорд во доделени Златни глобуси за еден филм досега

647671
Мјузиклот „Ла Ла Ленд“ освои рекордни седум Златни глобуси

Доделени годинашните 74-ти по ред награди Златен глобус.

Ноќта на доделување на наградите Златен глобус како најмногуследена церемонија по наградите Оскар и Греми се одржа во Лос Анџелос во сојузната држава Калифорнија во САД.

Наградата Златен глобус за најдобра драма ја доби „Мунлајт“ (Месечава светлина), додека во категоријата за најдобар мјузикл или комедија победи мјузиклот „Ла Ла Ленд“.

Во категоријата драма за најдобра телевизиска серија е избрана драмата „Круна“, за најдобар филм на странски јазик е избран „Ел“, а најдобар анимиран филм стана „Зоотипија“.

Наградата за најдобра машка улога ја доби Кејси Афлек за улогата во филмот „Манчестер крај морето“.

Изабел Хуперт пак стана добитничка на наградата за најдобра женска улога за улогата во филмот „Ел“.

Наградата за најдобра машка улога во категоријата мјузкл или комедија ја доби Рајан Гослинг за улогата во филмот „Ла Ла Ленд“, а наградата за најдобра женска улога ја доби Ема Стоун за улогата во истиот филм.

Филмот мјузикл „Ла Ла Ленд“ стана добитник на наградите за најдобра комедија, најдобро сценарио, најдобар режисер, најдобра музика и најдобра оргинална песна, а главните глумци овој филмот мјузикл Ема Стоун и Рајан Гослинг се наградени со награди за најдобра актерка и најдобар актер.

На тој начин „Ла Ла Ленд“ го удри својот белег на годинашните награди Златен глобус и постави рекорд во доделени Златни глобуси за еден филм досега.



Слични вести