Бранденбуршката порта во Берлин осветлена во боите на турското знаме

Во знак на солидарност со Турција по терористичкиот напад за време на новогодишната ноќ во Ортаќој во Истанбул синоќа историската Бранденбуршка порта беше осветлена во црвено-бело, боите на турското знаме

642847
Бранденбуршката порта во Берлин осветлена во боите на турското знаме

Бранденбуршката порта, како едниот од најзначајните симболи на главниот град на Германија, Берлин во знак на солидаризација со Турција по терористичкиот напад за време на новогодишната ноќ во Ортаќој во Истанбул синоќа беше остветлена во црвено-бело, боиоте на турското знаме.

Со донесена одлука од страна на премиерот на покраината Берлин Михаел Милер во знак на солидарност со Истанбул воедно и како збратимен град на Берлин синоќа историската Бранденбуршка порта беше осветлена во боите на турското знаме. 

Како што се истакнува Михаел Милер воедно испратил писмо со сочувство до градоначалникот на Истанбул Кадир Топбаш по повод терористичкиот напад за време на новогодишната ноќ во Ортаќој во Истанбул во кој животот го загубија 39 лица, а 65 лица беа ранети.

Од моментот на осветлување на историската Бранденбуршка порта во црвено-бело боите на турското знаме на плоштадот Паризер во Берлин каде што се наоѓа портата се собраа голем број лица.



Слични вести