Утре почнуваат постапките за регистрирање за аџилак во 2017 година

Од утре 28 декември 2016 година до 6 јануари 2017 година почнуваат постапките за регистрирање на каднидатите за исполнување на верскиот обред аџилак во 2017 година

638712
Утре почнуваат постапките за регистрирање за аџилак во 2017 година

Кандидатите за аџии кои за прв пат ќе се регистрираат за аџилак во 2017 година можат да се пријават од 28 декември 2016 до 6 јануари 2017 година.

Кандидатите пак кои се регистрирани во претходните години можат да се пререгистрираат од 9 до 31 јануари.

Според добиени информации од Управата за верски прашања кандидатите за аџии кои ќе се регистрираат за прв пат ќе уплатат во банка 20 турски лири.

Граѓаните потоа ќе можат да се регистрираат преку интернет на адресата http://hac.diyanet.gov.tr или лично да се обратат до муфтиствата при што ќе изберат еден од видовите на престој и тоа „Аџилак со престој во соба“ и „Аџилак со престој во хотел“.

Оваа година нема да се применува постапка на пререгистрирање за кандидатите за аџилак кои се реагистрирале во претходните години.

Постапките за обнова на регистрирањето ќе се реализираат од 9 до 13 јануари.

Кандидатите за аџии кои во минатите години платиле за регистрарање при обновување на регистрирањето нема да се наплатува било што.

Кандидатите за аџии чие регистрирање ќе биде обновено исто така ќе можат да го обноват регистрирањето преку интернет на адресата http://hac.diyanet.gov.tr или лично да се обратат до муфтиствата при што ќе изберат еден од видовите на престој и тоа „Аџилак со престој во соба“ и „Аџилак со престој во хотел“.

Оние кои нема да го обноват своето регистрирање не ќе можат да ичествуваат на извлекувањето за аџилак во 2017 година.

Оние кандидати кои по извлекувањето со ждрепка ќе се стекнат со право да заминат на аџилак потребните документи дека можат да ги започнат дефинитивните постапки за пријавување ќе ги добијат со СМС порака.

Согласно тоа надежните ги предупредија кандидатите за аџии да ги приоверат своите мобилни телефонски броеви.



Слични вести