Умре Џорџ Мајкл

Супер ѕвездата Џорџ Мајкл кариерата ја започна со групата „Вем“ во 1981 година

637849
Умре Џорџ Мајкл

Умре светско познатата поп ѕвезда, кантавтор и композитор Џорџ Мајкл.

Англискиот интерпретатор кој во текот на животот имаше постигнато безброј рекорди и продадено милиони албуми, почина во домот.

Интерпретаторот Мајкл кој имаше безброј хитови почина на 53 годишна возраст.

Претставникот на Џорџ Мајкл рече дека музичарот починал мирно во својот дом.

Супер ѕвездата Џорџ Мајкл кариерата ја започна со групата „Вем“ (Wham) во 1981 година и по краткорочната авантура с групата, во 1986 година ја започна соло кариерата. Во текот на самостојната кариера Мајкл имаше продадено над 100 милиони албуми.

Сите албуми на Мајкл во Англија се искачија на прво место.

Во 80-те години Мајкл беше пример за голем број музичари и заедно со Мајкл Џексон одигра значајна улога во развојот на видео спотовите.



Слични вести