Турските серии во Европа на прво место од аспект на стапката на гледаност

До пред 15 години, само 9 турски филмови годишно се прикажуваа, додека денес оваа бројка се зголеми на 139

638079
Турските серии во Европа на прво место од аспект на стапката на гледаност

Министерот за култура и туризам Наби Авџи рече дека стапката на гледаност на турските серии во Европа се наоѓаат на прво место.

До пред 15 години, само 9 турски филмови годишно се прикажуваа, додека денес оваа бројка се зголеми на 139.

На средбата со филмските процуенти во Истанбул, министерот Авџи рече дека турскиот кинематографски сектор во последните години постигна голем успех.

Министерот за култура и туризам Авџи рече:

До пред 15 години, само 9 турски филмови годишно се прикажуваа, додека денес оваа бројка се зголеми на 139. 30 милиони од 55 гледачи кои ги посетија кино салите во текот на изминатата гледаа домашни филмови. Со стапка на гледаност од над 60 насто сме први во Европа. Голем број филмови од домашно производство во последните добиваат меѓународни награди.

Годинава секторот беше подржан со рекордни 28,5 милиони туски лири и за идната година предвидуваме поддршка од 40 милиони турски лири, рече министерот Авџи и потенцираше дека подршката ќе продолжи особено на проектите на младите режисери кои ќе ги снимат првите долгометражни краткометражни филмови или пак анимирани филмови.



Слични вести