17 декември Ден на сеќавање на Мевлана

Годинава се одбележуваат 743 години од смртта на Мевлана, познат мислител, хуманист, поет, мистик и суфија

632222
17 декември Ден на сеќавање на Мевлана

Со почит се сеќаваме на Мевлана Џелаледдин-и Руми, како еден од најсаканите верски личности на Анадолија, мислител, хуманист, поет, суфија.

Годинава се одбележуваат 743 години од смртта на големиот Мевлана или како што вели и Тој самиот средба со саканиот. Зборовите на Мевлана и ден денес продолжуваат да одекнуваат и да се ценат насекаде во светот, а не само во нашата земја.

На церемониите Шеб-и Арус во градот Конја кои што се одржуваат секоја година на 17 декември доаѓаат илјадници лица од целиот свет со што одговараат на оној негов познат повик „Дојди, кој и да си дојди, повторно дојди“.

По повод 743-годишнината од смртта на Мевлана уште еднаш се сеќаваме на оваа голема личност, кој го изнесува на преден план човекот и го осветлува светот со неговата филозофија и неговото учење.



Слични вести