Синоќа во земјава и светот беше одбележан роденденот на Хазрети Мухамед

Секој 12 на месецот Реби-ул-евел од страна на исламскиот свет се одбележува како Мевлуд Кандил

628601
Синоќа во земјава и светот беше одбележан роденденот на Хазрети Мухамед

Синоќа во над 90 илјади џамии во земјава и светот беше одбележан роденденот на Хазрети Мухамед, а исто така беа читани молитви за хероите кои загинаа во кукавичкиот напад во Истанбул.

Секој 12 на месецот Реби-ул-евел од страна на исламскиот свет се одбележува како Мевлуд Кандил.

Муслиманите во целава земја по повод Мевлуд Кандил се собраа во џамиите, ги отворија рацете кон небото и се молеа, а исто така читаа Курани Керим за душите на хероите кои загинаа во кукавичкиот напад во Истанбул.

Граѓаните на Истанбул ја наполнија џамијата Ејуп Султан и по јација намазот слушаа Мевлуди Шериф и делови од Куранот. ЦВо дворот на џамијата беа поделени бонбони и локуми.

Синоќа голем број посетители имаше и џамијата Безмиалем Валиде Султан во населбата Бешикташ каде што беше извршен кукавичкиот напад, а чии прозори беа скршени.

Во џамијата се читаше Курани Керим и се молеа за повредените.

Во џамијата Селимије во Едирне исто така владееше голема радост по повод одбележувањето на денот на раѓањето на Хазрети Мухамед.

На Мевлид Кандилот во џамијата Ак што беше одбележан во историскиот град Болгар (Булгар) во Република Татарстан во Руската федерација исто така беа упатени пораки за единство и братство.

Јуксел Салман, генералниот директор за верски публикации при Секретаријатот за верски прашања на Турција кој учествуваше на програмата изрази задоволство од одржувањето на програмата во Болгар по повод оваа света ноќ.

Истите чувства кои ги чувствуваме во Турција, ги чувствуваме и тука. Нашите молитви, светата книга, киблата, сите вредности кои не прават муслимани е исти. Сите заедно тажиме, сочувствуваме и се радуваме. Аллах нашето единство и братство нека го чува до Судниот ден, рече Салман.

Палестинците, годишнината од раѓањето на Аллаховиот пратеник Мухамед ја одбележаа во џамиите Ал Акса и градот Наблус во Западниот брег. Палестинците покажаа голем интерес кон програмата што се одржа по повод одбележувањето на роденденот.

По повод Мевлуд кандил во Сана, главниот град на Јемен се одржа програма на која беше одбележан роденденот на Хазрети Мухамед. На одбележувањето на плоштадот Ал Себин се собраа голем број граѓани.

Роденденот на Хазрети Мухамед со голема радост и програми беше одбележан во Египет, Судан, Авганистан, Тунис, Либан и Ирак.



Слични вести