Вечерва исламскиот свет го слави Мевлуд-и Шериф

Вечерва исламскиот свет го слави Мевлкуд-и Шериф (Мевлид Кандили) кој се одбележува како ден на раѓање на муслиманскиот божји пратеник (пејгамберот) Хазрети Мухамед (с.а.в.с.)

628203
Вечерва исламскиот свет го слави Мевлуд-и Шериф

Вечерва исламскиот свет го слави Мевлуд-и Шериф (Мевлид Кандили).

По повод Мевлуд-и Шериф, раѓањето на муслиманскиот божји пратеник Мухамед (с.а.в.с.) претседателот за верски прашања Мехмет Ѓормез објави порака која ја започна со зборовите: „Несомнено оние кои ќе го запознаат целото човештво со Ресул-и Екрем (пејгамберот) се муслиманите.“

„Исто како што исламскиот пејгамбер (божји пратеник) кон високи врредности го возвиши човештвото кое западна во најдлабоките провалии и ние земајќи го како пример Него и под Негово водство можеме да ја пребродиме секоја тешкотија во кое запаѓаат муслиманите и човештвото и да достигнеме до светлината по која што копнееме.“

„ Посакувам од Севишниот Аллах Мевлуд-и Шериф да им донесе мир на сите муслимани, да ги зајакне нашите братски врски во надминување на тешкотиите во кои запаѓа човештвото и да стане повод да ги отвори новите врати на милоста.“ - истакна претседателот за верски прашања Мехмет Ѓормез по повод Мевлид Кандил.



Слични вести