Илјадници граѓани се собраа во Конја по повод годинашните манифестации Шеб-и Арус

Големиот број граѓани кои учествуваа на програмата посветена на танцот Сема беа воодушевени поради тоа што ја вкусија оваа духовна атмосфера

625988
Илјадници граѓани се собраа во Конја по повод годинашните манифестации Шеб-и Арус

Во градот Конја се собрааа илјадници граѓани по повод годинашните манифестации Шеб-и Арус посветени на 743-годишнината од смртта на големиот турски мислител, хуманист, поет и суфија Мевлана Џелаледдин-и Руми.

Големиот број граѓани кои учествуваа на програмата посветена на танцот Сема беа воодушевени поради тоа што ја вкусија оваа духовна атмосфера.

Церемониите Шеб-и Арус вчера дење започнаа со церемонија „будење на кандилот“ и со „марш на љубовта и единството“.

Вечерта пак адреса на големиот број граѓани беше Културниот центар Мевлана каде што го следеа танцот Сема на мевлевизиските дервиши.

На вечерата учествуваше и потпретседателот на владата Нуман Куртулмуш кој во говорот што го одржа во оваа пригода привлече внимание кон единството.

Куртулмуш рече: „Слоганот ’време за единство’ и сфаќањето ’време за единство’ е збор кој што е крајно значаен и смисловен и кој ќе одигра улога на водич на годинашните церемонии. Се надевам дека овој збор ’време на единство“ ќе биде во својство на потсетување и повторно будење на сите нас и во нашата земја и во за жал распарчените географски простори.“

На вечерата познатиот пејач Ахмет Озхан приреди концерт на тасавуфска, односно суфиска музика, додека истражувачот Омер Тугрул Инанчер говореше за познатото дело на големиот турски мислител, хуманист, поет и суфија Мевлана Џелаледдин-и Руми, „Месневи“.

На крај на сцената настапија мевлевиските дервиши Семазени кои со оној нивен танц Сема речиси отворија крилја кон љубовта.



Слични вести