ТРТ добитник на низа награди на Здружението на анадолските радиодифузери

Турската радио и телевизија (ТРТ) беше избрана за најуспешна медиумска куќа која во текот на годината која покажа голем успех во информативните програми

625361
ТРТ добитник на низа награди на Здружението на анадолските радиодифузери

Здружението на анадолските радиодифузери, продукциите „Дирилиш Ертугрул“, „Омур дедигин“ и „Севда кушун канадинда“ ги прогласи за најдобри продукции во различни категории.

Свеченото доделување на наградите на Здружението на анадолските радиодифузери се одржа во Анкара.

На свеченоста учествуваа потпретседателот и портпарол на владата Нуман Куртулмупш, министерот за труд и социјални политики Мехмет Музеиноглу и голем број високи гости.

Потпретседателот Куртулмуш во говорот се осврна на големиот интерес на граѓаните кон кампањата и рече дека со цел да се спречи купопродажбата и трговијата со долари, дури трошоците за аџилак и умра ќе се наплатуваат во турски лири, кој настан е многу значаен.

Претходно имав најавено дека износот на закупнината и таксите кои ги плаќаат радидифузерите на ТУРКСАТ ќе се фиксираат врз основа на турската лира, а не врз основа на долари. Се надевам дека во претстојните денови ќе се одржат средби со претставниците на ТУРСКАТ. Трошоците за закупнина како и таксите ќе се исплатуваат со турски лири. Верувам дека тоа ќе има голем придонес за развојот на анадолските медиуми, рече Куртулмуш.

На свеченоста беа доделени наградите на ТРТ.

Имено Турската радио и телевизија (ТРТ) беше избрана за најуспешна медиумска куќа која во текот на годината која покажа голем успех во информативните програми, спортските програми како и емисиите во сферата на културата и уметноста.

Наградата која беше доделана од страна на потпретседателот Куртулмуш во име на ТРТ ја прими генералниот директор Шенол Ѓока.

На годинашнава Втора манифестација на доделување на наградите на Анадолските медиуми што се одржа под покровителство на Здтужението на анадолските медиуми, беа доделени награди во пет категории.

За најдобра продукција во сферата на борбата на значајните политички имиња во 70-те години, која во голема мера ги обелоденува првите активности на структуирањето на паралелната држава беше избрана серијата „Севда кушун канадинда“.

Актерката Есра Билгич која ја глуми улогата на Халиме Хатун во серијата „Дирилиш Ертугрул“ која се наоѓа на прво место од аспект на гледаноста и рејтинзите, беше избрана за актерка на годината во сериски филмови.

Документарната програма „Омур дедигин“ која по објавувањето на секој дел соборува рекорди на социјалните медиуми беше избрана за програма на годината.

На свеченоста, освен успешните продукции на ТРТ, беше доделена и награда за најдобар ТВ раководител. Заменик генералниот директор на ТРТ Ибрахим Ерен по вторпат беше избран за најдобар ТВ раководител на годината.



Слични вести