Шест училишта на ФЕТО во Сенегал ќе и бидат предадени на Турската фондација за образование

Потпретседателот на Турската фондација за образование Хасан Јавуз истакна дека на крајот на разговорите со сенегалската влада беше потпишан записник со кој што се предвидува училиштата да и бидат предадени на фондацијата (Вакафот)

625521
Шест училишта на ФЕТО во Сенегал ќе и бидат предадени на Турската фондација за образование

Шест училишта на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО во западно африканската држава Сенегал во кои учат приближно 6 илјади ученици ќе бидат предадени на Турската фондација за образование (Türkiye Maarif Vakfı TMV).

Потпретседателот на Турската фондација за образование амбасадорот доктор Хасан Јавуз истакна дека на крајот на разговорите на делегацијата на Турската фондација за образование (Türkiye Maarif Vakfı TMV) со сенегалската влада беше потпишан записник со кој што се предвидува училиштата да и бидат предадени на фондацијата (Вакафот).

Велејќи дека за време на разговорите се состане со претседателот на Сенегал Маки Сал и со министерот за надворешни работи Манкеур Ндиаје, Хасан Јавуз рече: „Имаме за цел да спречиме нашите пријателски и братски земји да претрпат штета како нас.“

Јавуз подвлече дека потпишаниот записник не предвидува само предавање на училиштата туку има за цел да придонесе и во економската и социјалната иднина на Сенегал.

„Работиме за бришење на оваа организација од секаде. Записникот нека биде ајирлија за цалиот наш народ.“ - рече потпретседателот на Турската фондација за образование (Türkiye Maarif Vakfı TMV) амбасадорот доктор Хасан Јавуз.

Во изминативе недели беа потпишани договори за предавање на училиштата на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО на Турската фондација за образование (Türkiye Maarif Vakfı TMV) и со други земји во Африка како Гвинеја, Чад и Судан.

Сомалија веднаш по обидот за преврат на 15 јули училиштата на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО им ги предаде на турските органи.



Слични вести