30-та годишнина од вбројувањето на Хатуша на Списокот на светското културно наследство на УНЕСКО

Во Парис се одржа конференција на тема „ Хатуша - престолнинаната на Хетитите“

622059
30-та годишнина од вбројувањето на Хатуша на Списокот на светското културно наследство на УНЕСКО

Денес се одбележува 30-та годишнина од вбројувањето на Хатуша на Списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.

Турција вложува напори да го промовира античкиот град во близината на Богазкале кај Чорум, кој во минатото беше престолнина на Хетитите.

Античкиот град беше престолнина на Хетитската Империја во периодот од 17-от до 13-от век п.н.е.

Хатуша е познат и по тоа што во овој град е потпишан првиот пишан документ во 1280 година п.н.е. меѓу Хетитите и Египќаните познат како Мировниот договор од Кадеш.

Подготвителните активности на Турција за промовирање на Хатуша на светот траат скоро една година.

Во тие рамки, под покровителство на Потсекретаријатот за култура и промоција на Турција во Парис се одржа конференција на тема „ Хатуша - престолнинаната на Хетитите“.

На конференцијата учествуваа голем број високи претставници кои споделија информации во врска со античкиот град.

Пратеничката на Партијата за правда и развој (АКП) Лутфије Илксен Џеритоглу Курт од Чорум рече дека во рамките на едногодишните активности вложуваат напори да ја запознаат светската јавност со Хатуша.

Камените плочи напишани со клинесто писмо од Хатуша 15 години како се наоѓаат на Списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО рече Курт и потенцираше дека активностите за промовирање се следат со големо интересирање.



Слични вести