Јуфката и лавашот внесени во Списокот на нематеријално културно наследство на УНЕСКО

Членовите на УНЕСКО кои се состанаа во главниот град на Етиопија Адис Абеба со поддршка на Турција, Азербејџан, Казахстан, Киргизистан и Иран јуфката и лавашот кои што се подготвуваат во овие земји ги внесоа во Списокот на нематеријално културно наследств

621532
Јуфката и лавашот внесени во Списокот на нематеријално културно наследство на УНЕСКО

Со поддршка на вкупно 5 земји меѓу кои се наоѓа и Турција во Списокот на нематеријално културно наследство на Организацијата на ОН за наука, образование и култура (УНЕСКО) се внесени и јуфката и лавашот (тенко тесто помало од јуфка).

Членовите на УНЕСКО кои се состанаа во главниот град на Етиопија Адис Абеба со поддршка на Турција, Азербејџан, Казахстан, Киргистан и Иран јуфката и лавашот кои што се подготвуваат во овие земји ги внесоа во Списокот на нематеријално културно наследство.

На состанокот бројот на земјите кои учествуваат на манифестацијата на празникот Невруз за која беше одлучено да се одржува во 2009 година со поддршка на земји како што беа Турција, Азербејџан, Индија, Иран, Киргистан, Узбекистан и Пакистан се зголеми на 12 земји. на тој начин и Пакистан, Казахстан, Ирак, Таџикистан и Туркменистан манифестацијата на празникот Невруз која што се слави секоја година на 21 март се внесени во списокот на земји во кои оваа манифестација е земена под заштита.

Во објавеното соопштение од УНЕСКО се истакнува дека во Списокот на нематеријално културно наследство се внесени и „традиционалното пиво“ на Белгија, „румба танцот и музиката“ на Куба, „24 часовниот сончев календар“ на Кина и „традиционалниот фестивал што се слави на 14 април“ во Бангладеш.

Досега во Списокот на нематеријално културно наследствона УНЕСКО од Турција се внесени традицијата на раскажувач наратор Медах, церемониите на мевлевискиот танц Сема, традицијата на народен поет трубадур, Караѓоз, Хаџиват, традиционалните состаноци за разговор, танцот Семах како алевиско-бекташиски ритуал, фестивалот во борење со масло Киркпинар, традиционалниот кешкек за церемонии, фестивалот на Месир Маџуну, турското кафе и уметноста Ебру (традиционална уметност за украсување на хартија).



Слични вести