Во Берлин отворена изложба „Втора генерација Турци во Германија“

Во рамките на изложбата „Втора генерација Турци во Германија“ се прикажуваат фотогарфии од секојдневниот живот на турските граѓани во Германија во далечните 1989 и 1990 година

619802
Во Берлин отворена изложба „Втора генерација Турци во Германија“

Во Берлин отворена за љубителите на уметноста изложбата „Втора генерација Турци во Германија“.

Изложбата на фотографот Ергун Чагатај презентира фотографии од секојдневниот живот на турските граѓани во Германија во далечните 1989 и 1990 година.

Постои голела заинтересираност кон изложбата која е отворена во амбасадата на Турција во Берлин.

Изложбата Втора генерација на Ергун Чагатај ја презентира адаптацијата и тешкотиите на турските граѓани кои се родени или младите кои растат во Германија како доселеничка земја.

Чагатај истакна дека изложбата всушност била подготвена за да опфати голем број европски земји, но додаде дека поради недостаток од финансиски извори остана недоволна.

Ергун Чагатај напоеман дека во германија каде што живеел 4 месеци сликал приближно 4 илјади фотографии и дека има за цел да привлече внимание кон проблемите со кои што се соочувале доселениците во тој период.

Сликите се изложуваат со придонесите на германскиот куратор Петер Степан и Управата за Турците во странство и роднински заедници при владата на Турција.

Во рамките на изложбата се прикажуваат 40 фотографии и изложбата ќе може да се посети до 29 декември.



Слични вести