Медиумите одиграа значајна улога на 15 јули

Во Белек кај Анталија започна 4-та Меѓународна програма за медиумска обука

615811
Медиумите одиграа значајна улога на 15 јули
hasan hüseyin çakır.jpg
tijen karaş.jpg

Генералниот директор на ТРТ Шенол Ѓока рече дека медиумите одиграа значајна улога на 15 јули, ноќта кога Фетулахистичката терористичка рганизација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ) се обиде да изврши воен удар во земјава и дека медиумите во Турција ја покажаа својата улога.

Во Белек кај Анталија започна 4-та Меѓународна програма за медиумска обука која се одржува под покровителство на Турската радио и телевизија ТРТ.

Генералниот директор Ѓока во говорот на свеченото отворање ги информираше претставниците на печатот од 44 земји од светот во врска со обидот за воен удар на 15 јули. Ноќта на 15 јули во суштина се случи еден вид битка меѓу предавниците и терористите кои авионите, хеликоптерите, тенковите кои беа откупени за одбрана на татковината, а кои беа вперени против народот кој покажа голема храброст.

Сите оние кои народот и татковината не ги прифаќаат за свој народ и татковина, се обидоа да извршат воен удар, рече Ѓока потенцирајќи дека сите оние луѓе кои што имаат чувство за татковината и народот, не можат така лесно да го направат тоа, не можат да го вперат оружјето кон своите граѓани и не можат да бидат толку немилосрдни.

Сите оние кои што беа вклучени во обидот за воен удар се асимилирани лица, рече Ѓока и потенцираше дека терористите без да прават разлика меѓу земјата на потекло, културна и верска дискриминација, преку меѓусебниот дијалог што го воспоставија се обидоа да извршат воен удар.

Со текот на времето овие лица останаа без татковина и национална припадност и бидејќи не чувсвуваат никаква припадност, мислат дека ќе можат да му се спротивстават на целиот свет.

За време на обиот за воен удар, целата нација се обедини и застана во одбрана на татковината по цената на своите животи, поради што храбро се спротивстави на авионите и хеликоптерите кои, рече Ѓока и подвлече дека таа ноќ, медиумите одиграа супериорна улога.

Спикерката на ТРТ Тижен Караш во говорот рече дека таа ноќ беше принудена да го прочита огласот за воен удар и се осврна на сето она то го доживеа ноќта на 15 јули.

Караш рече дека та ноќ, таа и колегите од екипата доживеале голема траума и дека во последните месец и пол дена добивала психолошка поддршка.

Хасан Хусејин Чакар кој ноќта на 15 јули дојде пред зградата на ТРТ и беше повреден, на сранските претставници на печатот им го раскажа сето она што го доживеа таа ноќ.

Чакир рече дека како ги гледал случувањата на ТВ-екранот, го зафатило неко чудно чувство. Сопругата ми беше надвор од Анкара, се слушнаве на телефон и и реков дека ќе направам се што е во моја можност за спасување на татковината. Најблиската установа до мојата куќа беше зградата на ТРТ каде што заминавме со автомобилот на еден сосед. Кукавиците отворија оган врз нас, се обидоа да не оддалечат, ама не успеаја. Бев погоден под градите. Паршиња шрапнел ме погодија во рацете. Имам одредени здравствени проблеми, ама нема не е проблем. Да е жива татковината.



Слични вести