Боб Дилан нема да учествува на доделувањето на Нобеловата награда

Дилан во писмото изразил длабока чест по повод доделувањето на наградата

612933
Боб Дилан нема да учествува на доделувањето на Нобеловата награда

Американскиот музичар Боб Дилан кој по освојувањето на Нобеловата награда за литература за 2016 година се повлече, нема да учествува на свеченото доделување на наградите на 10 декември во Стокхолм.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Шведската кралска академија на науките, Дилан со писмо ги известил дека идниот емсец немал слободно време поради што не ќе може да учествува на церемонијата.

Во соопштението меѓудругото беше истакнато дека Дилан во писмото изразил длабока чест по повод доделувањето на наградата.

Боб Дилан истовремено ќе биде добитник на паричната награда во износ од околу 3 милиони турски лири.

Дилан беше номиниран во категоријата за поетичниот придонес во развојот на американската музика, поради што ја освои Нобеловата награда за литература во 2016.



Слични вести