Серијата на ТРТ „Воскреснување: Ертугрул“ рекордер на рејтинзи

Телевизиската серија на Турската радио-телевизија ТРТ „Воскреснување: Ертугрул“ добитник на наградата Златна пеперутка

611038
Серијата на ТРТ „Воскреснување: Ертугрул“ рекордер на рејтинзи

ТВ серијата на ТРТ „Воскреснување: Ертугрул“ рекордер на рејтинзи...

Телевизиската серија на Турската радио-телевизија ТРТ „Воскреснување: Ертугрул“ е избрана за најдобра серија на годината и стана добитник на наградата Златна пеперутка.

Продуцентот и сценарист на серијата Мехмет Боздаг своите чувства ги сподели преку интернет мрежата Инстаграм. Боздаг во својата порака напиша: „Ценети гледачи; серијата Воскреснување: Ертугрул на 43-тите награди Пантен Златна пеперутка со гласовите на гледачите повторно е избрана за најдобра серија на годината и со право ја доби оваа награда. Серијата Воскреснување: Ертугрул која во текот на 3 сезони и 65 недели  го освои првото место во сите групи на рејтинг и собори рекорд на рејтинзи, освен во Турција се емитува во над 30 земји и со вашите гласови, нашите ценети гледачи, со право стана добитник на уште една награда.“ 



Слични вести