Конференција на тема „Заедничките вредности на научно културно движење Туркологија“

Главна тема на конференцијата на која учествуваа 131 турколог од различни земји беа дискутабилните теми во турскиот јазик

611367
Конференција на тема „Заедничките вредности на научно културно движење Туркологија“

По повод 90-та годишнина од одржувањето на Првиот турколошки конгрес во 1926 година во Баку, се одржа Конференција на тема „Заедничките вредности на научно културно движење Туркологија“.

Главна тема на конференцијата на која учествуваа 131 турколог од различни земји беа дискутабилните теми во турскиот јазик.

Во рамките на конференцијата која ќе трае два дена се предвидува да се одржат 17 состаноци во различни сфери.

На Првиот турколошки конгрес кој се одржа на 26 февруари 1926 година во Баку и Турција беше застапена од страна на професорот Фуад Ѓопрулу и Али Беј Хусејинзаде, беа разменети мислења во врска со заедничката азбука, литературниот јазик и терминологијата на турскиот свет.



Слични вести