Почина канадскиот поет, текстописец, пејач и музичар Леонард Коен

Леонард Коен со оној негов „мошне специјален глас“ им придаде живот на оние негови незаборавни песни посветени на љубовта, човечките односи и војните

608838
Почина канадскиот поет, текстописец, пејач и музичар Леонард Коен

На 82-годишна возраст почина канадскиот поет, текстописец, пејач и музичар Леонард Коен кој му подари на светот на музиката голем број убави песни.

Тој со оној негов „мошне специјален глас“ им придаде живот на оние негови незаборавни песни посветени на љубовта, човечките односи и војните.

Својот песимизам повремено го измеша со хуморот.

Стана музичар кој беше сакан во светски рамки пред се поради неговите песни и зборови кои го распрашуваат живот и кои се состојат од игра на зборови.

И покрај своите стари години Леонард Коен продолжи да настапува на сцените и да излегува на турнеи, а е сакан и има голем број свои љубители и во Турција.



Слични вести