Во Истанбул започна 11-от Саем Contemporary İstanbul

Колекционерите  на уметноста во делот „Collectors' Stories“ (Колекционерски приказни) кој се оджува во рамките на Саем Contemporary İstanbul ги презентираат своите дела

604058
Во Истанбул започна 11-от Саем Contemporary İstanbul

Во Истанбул започна 11-от Саем Contemporary İstanbul на кој се презентираат пред љубителите на уметноста најубавите примери на современата уметност.

Колекционерите  на уметноста во делот „Collectors' Stories“ (Колекционерски приказни) кој се оджува во рамките на Саем Contemporary İstanbul ги презентираат своите дела.

Во овој дел кој што оваа година се одржува за прв пат пред љубителите на уметноста се претставени 120 дела од 60 водечки колекции на современата уметност на Турција и тоа заедно и со нивните приказни.

Во делот „Collectors' Stories“ (Колекционерски приказни) се претставени колекциите на Лејла Алатон, Сузан Динчер, Танса Мермерџи Екшиоглу, Севда-Џан Елгиз, Несир Есиртген, Асуман-Хусну Ѓурели, Џем Хакко, Џан Хас, Емин Хитај, Хума Кабакчи, Оја-Булент Еџзаџибаши, Мурат Озјегин и Џем Јилмаз.

На изложбата чиј круатор е уметничкиот консултант на Contemporary Istanbul Марк-Оливиер Вахлер и приказните на делата им се пренесуваат на посетителите од моливот на колекционерите.

Колекцијата на познатиот турски комичар Џем Јилмаз во чии рамки се наоѓаат две дела на Рон Инглиш и Том Веселман стана еден од најпривлечните колекции во делот „Collectors' Stories“.

Саемот Contemporary İstanbul на кој учествуваат 70 галерии и 520 уметници со над 1.500 дела од 20 земји ќе биде отворен до 6 ноември.

 



Слични вести