Филмот „Хазрети Мухамед: Аллаховиот пратеник“ во Турција го гледаа 183.524 лица

Филмот „Хазрети Мухамед: Аллаховиот пратеник“ на иранскиот режисер Меџид Меџиди во Турција досега го гледаа 183.524 лица

600749
Филмот „Хазрети Мухамед: Аллаховиот пратеник“ во Турција го гледаа 183.524 лица

Филмот „Хазрети Мухамед: Аллаховиот пратеник“ на иранскиот режисер Меџид Меџиди кој почна да се прикажува во Турција на 28 октомври и во кој се раскажува за детството и младоста на Хазрети Мухамед и за раѓањето на исламот, досега го гледаа 183.524 лица.

Филмот чие сценарио е напишано од страна на Меџид Меџиди и Камбузиа Партови по двогодишно истражување, снимањето кое што траеше 5 години и со завршување на техничките детали, почна да се прикажува.

За филмот беа подготвени платоа Мека и Медина.

Подготвувањето на овие платоа траеше 3 години и беа поставени сетови кои би биле издржливи за снимање на историски филмови во текот на уште 40 години.

Освен тоа за филмот во селото Алахјар јужно од иранскиот град Хорасан беше изграден специјален сет со опис на Мека во тој период.

Ефектите на филмот за кој што беа потрошени вкупно 30 милиони долари, а снимањето беше завршено во 2015 година, беа подготвени од страна на Скот Андерсон кој е добитник и на Оскар и Виторио Стораро.

Филмот во кој настапуваат Сарех Бајат, Мохсен Танабандех, Рана Азадивар, Али Реза Шоја-нури и Мина Садати во Турција беше прикажан со озвучување на турски јазик.



Слични вести