Доделени наградите на 53-от Меѓународен филмски фестивал во Анталија

Наградата за најдобар филм во делот од национален натпревар на 53-от Меѓународен филмски фестивал во Анталија ја доби филмот „Син велосипед“ во заедничка копродукција на Турската радио-телевизија ТРТ

596191
Доделени наградите на 53-от Меѓународен филмски фестивал во Анталија

53-от Меѓународен филмски фестивал во Анталија заврши со церемонијата на доделување на наградата Златен портокал.

На церемонијата на доделување на наградите во Конгресниот центар на изложбениот простор Анталија ЕКСПО 2016 наградата за најдобар филм му беше доделена на филмот „Син велосипед“ во заедничка копродукција на Турската радио-телевизија ТРТ.

Филмот „Син велосипед“ воедно стана добитник и на наградите во категоријата најдобро сценарио и најдобра режија.

Наградите ги прими режисерот на филмот Умит Корекен кој во оваа пригода и се заблагодари на ТРТ за големата поддршка за филмот.

Во националната категорија наградата на гледачите и наградата за најдобра музика ја доби филмот „Крилјата на татко ми“.

Наградата за најдобра машка улога му беше доделена на Мендерес Саманџилар за настапот во филмот „Крилјата на татко ми“.

Саманџилар рече: „Јас оваа награда ја кревам за моите сириски пријатели чии деца удираат на бреговите и чија земја е распарчена.“

Оваа порака на Мендерес Саманџилар доведе до силни емотивни чувства во салата. 

Во категоријата натпревар на меѓународни филмови наградите за најдобар филм и најдобра режија ги прими филмот „Двоумење“.

Еџем Узун за настапот во овој филм ја доби наградата за најдобра женска улога и во меѓународната и во националната категорија. 

Во оваа категорија наградите на гледачите и за најдобро сценарио му беа доделени на филмот  „Отворена врата“.

Филмот по име „Раскрсницата 48“ пак со Тамер Нафар ја доби наградата за најдобра машка улога и најдобра музика.

На вечерата беа доделени и наградите за доживотен успех, наградата за поддршка Сумер Тилмач и специјалните награди на жирито.



Слични вести