Во Кан се одржа Саемот MIPCOM 2016

На третиот Форум „Carriage Deal Forum“ претставниците на голем број ТВ-канали на чело со TRT World одржаа меѓусебни средби

592899
Во Кан се одржа Саемот MIPCOM 2016
TRT World MIPCOM 2016.jpg

Во рамките на Саемот на Меѓународниот пазар на програми за комуникации MIPCOM 2016 во францускиот град Кан се одржа радиодифузерска платформа на телевизиските канали и Форумот „Carriage Deal“ (Договори за превоз).

На форумот чиј спонзор беше „TRT World“ и беа одржани билатерални средби меѓу претставниците на медиумските куќи, големо беше интересирањето на претставниците на над 300 учесници особено во сферата на дигиталната платформа.

На третиот Форум „Carriage Deal Forum“ претставниците на голем број ТВ-канали на чело со TRT World одржаа меѓусебни средби во врска со меѓународните даватели на содржини со цел да се постигне пристап до поголем број гледачи.

За време на паузата на форумот во рамките на маинфестацијата „Networking Lunch“ на странските учесници им беше промовиран ТВ-канал TRT World.

Генералниот директор за дистрибуција и маркетинг на TRT World Рош Пелерин во говорот на промоцијата се осврна на значењето на спонзорството од аспект на публицитетот на каналот.

Присуството на низа манифестации и активности има големо значење од наш аспект и од аспект на фактот дека сме турски ТВ-канал. Благодарение на оваа манифестација планираме да учествуваме на низа радиодифузерски платформи, рече Пелерин.

Директорката за меѓународен маркетинг на марката TRT World Сухејла Ван Тарлинг во изјавата за печатот по манифестацијата рече дека учесниците на платформата биле восхитени од промоционото видео на TRT World.

Фрливме значаен чекор во сферата на познавањето на марката. Конкурентските информативни компании кои имаа познавања за нас со оваа промоција имаа можност подобро да го сфатат нашиот потенцијал, рече Тарлинг.



Слични вести