Нема вести за Боб Дилан

Однесување на Дилан претставува одраз на неодговорноста и тврдоглавоста на познатите

592256
Нема вести за Боб Дилан

Нема вести од Боб Дилан, добитникот на Нобеловата награда за литература 2016

Иако поминаа денови од објавувањето на името на Дилан за добитник на Нобеловата награда во износ од 1 милион долари, Нобеловиот комитет за доделување на наградите сеуште не може да стапи во контакт.

Комитетот соопшти дека до денот кога официјално го објавија името на Боб Дилан, не можат да стапат во контакт и дека се откажале од барањето.

Нобеловите награди на 10 декември свечено ќе им бидат врачени на добитниците.

Продолжува мистеријата околу учеството на Дилан на свеченоста.

Боб Дилан кој 20 години беше номиниран за Нобеловата награда за литература, продолжува со индиферентноста не само во врска со Нобеловиот комитет, туку истовремено и пред јавноста и Нобел.

Според некои коментари, ова однесување на Дилан претставува одраз на неодговорноста и тврдоглавоста на познатите личности, а според некои пак последица на стилот кој го следи.

75 годишниот Дилан кој важи за еден од симболите на 68та година, кој настан беше забележан во светската историја, досега беше номиниран и освои низа награди скоро во сите гранки на уметноста.

Познатиот интерпретатор во автобиографијата имаше напишано дека потекнува од турско потекло, дека неговите потомци се исселиле од Истанбул за Кагизман, од тука пак за Трабзон и Одеса.



Слични вести