Во Турција се одржува научниот симпозиум на ИКОНОМ

За иднината на античките градови кои беа уништени во војните ќе се дискутира во Истанбул

591982
Во Турција се одржува научниот симпозиум на ИКОНОМ

Во Турција се одржува научниот симпозиум на Генералното заседание и Советодавниот одбор на Меѓународниот совет за споменици локалитети (ИКОНОМ) кој врши советодавна улога на Светскиот центар за културно наследство на УНЕСКО.

За иднината на античките градови кои беа уништени во војните ќе се дискутира во Истанбул.

На свеченото отворање на состаноците на симпозиумот во музејот Аја Ирини учествува научниците на 140 земји.

На отворањето во музејот Аја Ирини учествуваше и министерот за култура и туризам Наби Авџи.

Министерот Авџи во говорот во оваа прилика рече дека Турција е домаќин на низа историски споменици и локалитети и подвлече дека начелата, техниките и критериумите кои ги разви Меѓународниот совет за споменици локалитети (ИКОНОМ) имаат големо значење од аспект на Турција.

Главна тема на состаноците на симпозиумот кој ќе трае една недела се градовите кои беа уништени во природните несреќи и војните.

Одлуките кои беа усвоени ќе бидат објавени во заедничката декларација на 21 октомври.



Слични вести