Турскиот совет ја слави 7-та годишнина од формирањето

Советот за соработка меѓу земјите кои говорат на турски јазик беше формиран од страна на Турција, Азербејџан, Казахстан и Киргистан

582218
Турскиот совет ја слави 7-та годишнина од формирањето

Советот за соработка меѓу земјите кои говорат на турски јазик ја слави7-та годишнина од формирањето

По повод овој посебен ден, Министерството за надворешни работи објави порака со честитки.

Во пораката беше изразена желба овој значаен ден да одигра посредничка улога во зајакнувањето на соработката меѓу  земјите кои говорат на турски јазик.

Во соопштението беше изразено и задоволството од придонесот на Турскиот совет во зајакнувањето на соработката меѓу туркофонските држави.

Советот за соработка меѓу земјите кои говорат на турски јазик беше формиран од страна на Турција, Азербејџан, Казахстан и Киргистан.

Со потпишувањето на Договорот за формирање на Советот за соработка меѓу земјите кои говорат на турски јазик во Нахчиван беше формирана рамката на организацијата така што да делува како регионална организација.

3 октомври, годишнината од потпишувањето на Договорот во Нахчиван во земјите членки на Советот се одбележува како Ден на соработка меѓу земјите во кои се говори на турски јазик.



Слични вести