Расте интензитетот на нападите врз џамиите во Германија

Џамиите се оскрнавија со расистички и симболи против исламот, а повремено и намерно се опожаруваат.

582570
Расте интензитетот на нападите врз џамиите во Германија
almanya’da ırkçı saldırı.jpg
almanya’da ırkçı saldırı.jpg
almanya’da bir camiye saldırı.jpg

Во последно време се зголеми интензитетот на нападите врз џамиите во Германија

Од нова година наваму околу 30 џамии беа цел на напади.

Лани, од 75 напади на џамиите беа фатени само 16 сторители.

Порастот на нападите врз џамиите ја зголемува загриженоста кај муслиманите кои живеат во оваа земја.

Џамиите беа оскрнавени со расистички и симболи против исламот, а повремено и намерно се опожаруваат.

Во некои напади беа употребени писма со закани и омраза или пак написи на ѕидовите.

Во некои напади беа исфрлени свински глави или пак експлозивни средства.

Според претседателот на Турската исламска заедница при Секретаријатот за верски прашања Невзат Јашар Ашикоглу, случувањата се загрижувачки.

Муслиманите во Германија живеат над 50 години во оваа земја. Општествениот живот во земјата го продолжуваат со џамиите. Ги вршат ибадетите. Нападите насочени кон нив предизвикуваат жалење и загриженост кај целото муслиманско општество.



Слични вести