Во Истанбул приредена програма во чест на хероите од 15 јули
На програмата насловена како „Ги пееме песните на хероите од 15 јули“ беше прочитана и испратената порака на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган

Синоќа во Истанбул беше приредена специјална програма во чест на хероите кои застанаа во одбрана на демократијата и ги положија своите животи за време на предавничкиот обид за преврат на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ ноќта на 15 јули.
На програмата насловена како „Ги пееме песните на хероите од 15 јули“ беше прочитана и испратената порака на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган.
Ердоган во својата порака напиша: „Ниту една победа не може да се извојува без да се плати соодветна цена. Самиот 15 јули е најголемата победоносна песна што ја напиша лично нашиот народ.“
Песната која што ја испеа портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин кој излезе на сцената заедно со познатиот музичар Јавуз Бинѓол пак доведе до излив на силни емотивни чувства кај гледачите.
Водители на програмата за сеќавање на хероите за време на предавничкиот обид за преврат на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО на 15 јули беа познатите новинари Огуз Хаксевер и Ханде Фират.
Во рамките на програмата беа прикажани и фотографии и видео-снимки од таа мрачна ноќ.
Песните за хероите од 15 јули беа испеани од страна на познати пејачи.
На програмата која беше приредена од страна на локалната самоуправа на Истанбул учествуваа министерот за култура и туризам Наби Авџи, поранешниот премиер Авмет Давутоглу, градоначалникот на Истанбул Кадир Топбаш, генералниот директор на Турската радио-телевизија ТРТ Шенол Ѓока, потоа блиските на шехидите (загинатите херои) и газиите (ветераните) и голем број граѓани.
Слични вести

19 мај, Денот на сеќавање на Ататурк и Празник на младоста и спортот се слави со голема радост
103 години како гори факелот што го запали Ататурк во Самсун на 19 мај 1919 година