Во Амасја одржано 12-тото финале на натпреварот за турска уметничка музика Златно јаболко

На натпреварот во заедничка организација на Турската радио-телевизија ТРТ о општина Амасја учествуваа 173 учесници со 563 дела на турската уметничка (класична) музика

581650
Во Амасја одржано 12-тото финале на натпреварот за турска уметничка музика Златно јаболко

Доделени 12-тите по  ред награди на финалето на натпреварот за турска уметничка музика Златно јаболко што се одржа во градот Амасја

На натпреварот во заедничка организација на Турската радио-телевизија ТРТ о општина Амасја учествуваа 173 учесници со 563 дела на турската уметничка (класична) музика.

Во финалето се натпреваруваа 10 дела кои беа избрани од страна на прелиминарното жири кое беше формирано во склопот на Секторот за музика на Турската радио-телевизија ТРТ.

Првото место го освои песната по име „Да се покаже верност за љубовта макар и за само еден момент“ (Gösterip bir lahza olsun aşka dair bir vefa).

Композитор на оваа песна е Бурхан Дуруџу, а автор на текст Ѓулер Туран.

Второто место го освои песната „Каква боја се твоите очи“ (Gözlerinin rengi nedir) чиј композитор е Јашар Абрур, а автор на текст Севинч Атан, додека третото место го освои „Не паѓај дожду не паѓај, не труди се залудно“ (Yağma yağmur yağma, boşa uğraşma).



Слични вести