Турција и Саудиска Арабија потпишаа протокол за културна соработка

Според одредбите на протоколот во 2017 и 2018 година се предвидува да се реализираат низа културно уметнички настани како во Турција така и во Саудиска Арабија

580313
Турција и Саудиска Арабија потпишаа протокол за културна соработка

Протоколот за културна соработка меѓу Турција и Саудиска Арабија го потпишаа министерот за култура и туризам Наби Авџи и министерот за култура и информирање на Кралството Саудиска Арабија Адил Зејд ет Турајфи.

Протоколот предвидува организирање културни настани и промоции, фестивали, сценски настапи, литературни средби, соработка меѓу библиотеките, заштита и реставрација на културниот мираз, детска култура,пластични уметности, изложби и размена на искуства и знаења од областа на култура и уметноста.

Според одредбите на протоколот во 2017 и 2018 година се предвидува да се реализираат низа културно уметнички настани во правец на зајакнување на постојната културно уметничка соработка меѓу Турција и Саудиска Арабија.



Слични вести