Во Вашингтон се одржа 14-от традиционален Турски фестивал

Голем број гости и учесници Турци и припадници на различни други народи од главниот град на САД Вашингтон и околината се собраа на 14-от Турски фестивал што се одржа на една улица во близина на Белата куќа

576951
Во Вашингтон се одржа 14-от традиционален Турски фестивал

Во Вашингтон се одржа 14-тиот Турски фестивал што се одржува секоја година во рамките на традиционалните манифестации Месец на турското наследство.

Голем број гости и учесници Турци и припадници на различни други народи од главниот град на САД Вашингтон и околината се собраа на фестивалот што се одржа на една улица во близина на Белата куќа.

Фестивалот се одржа под водство на Турско-американската асоцијација во Вашингтон (ATA-DC).

Во рамките на фестивалот беа организирани голем број манифестации со кои беше презентирана турската култура, а освен тоа беа презентирани и највкусни специјалитети од турската кујна и беа прикажани примери од турските народни танци.

Настапот на екипата за народни танци која излезе на сцената во традиционални носиии беше следен со голема заинтересираност од страна на гостите.

Голема заинтересираност на фестивалот привлекоа и штандовите на кои беа презентирани предмети и производи кои ја претставуваат османлиско-турската култура.

На штандовите освен примери од турски килими и теписи од рачна изработка беа изложени и примери од традиционалната османлиска облека и порцелански производи кои освен од страна на Турците беа разгледани со голема заинтересираност и од страна на останатите странски гости.

Во рамките на 14-от Турски фестивал во Вашингтон беа подготвени простори за разонада и забава и за децата.



Слични вести