Во Њујорк во САД се одржа 31-от Марш на муслиманскиот ден

Учесниците на годинашниот марш кој се одржа во Манхетен во Њујорк со учество на муслиманските заедници во САД и чија тема гласеше „За Аллах и земјата“ во своите раце носеа транспаренти на кои пишуваше пораки за мир и знамиња на муслиманските земји

577172
Во Њујорк во САД се одржа 31-от Марш на муслиманскиот ден

Во Њујорк во САД се одржа 31-от Марш на муслиманскиот ден.

Учесниците на годинашниот марш кој се одржа во Манхетен во Њујорк со учество на муслиманските заедници во САД и чија тема гласеше „За Аллах и земјата“ во своите раце носеа транспаренти на кои пишуваше пораки за мир и знамиња на муслиманските земји.

На маршот освен муслимани кои се доселиле во САД од голем број земји ширум светот учествуваа и верски личности претставници на различни религии, како и портпаролката на Њујорк Мелиса Марк-Виверито и народната првобранителка Летитиа Џејмс.

По маршот на кој учествуваа и полицајци муслимани на зачада во полициската служба на Њујорк (NYPD) на плоштадот на Федералното биро за истражување (FBI) каде што се собраа учесниците беше отворен штанд на кој членовите на муслиманската заедница можеа да се обратат за работа. 

Инаку познато е дека американското Федерално биро за истражување (FBI) планира да вработи поголем број муслимани.

Хизир Хан од пакистанско потекло чиј син загинал во војната во Ирак како американски војник во говорот што го одржа на Маршот на муслиманскиот ден во својство на „Господар на церемониите“ ги повика муслиманите да излезат да гласаат на претседателските избори што ќе се одржат во ноември и да застанат против секој вид насилство.



Слични вести