Доделени наградите „Златна школка“ на 64-от Меѓународен филмски фестивал Сан Себастијан

Наградата „Златна школка“ за најдобар филм на фестивалот што се одржува по 64-ти пат ја доби филмот „Јас не сум Мадам Бовари“ (I am not Madame Bovary) на кинескиот режисер Фенг Сјаоганг (Feng Xiaogang)

576681
Доделени наградите „Златна школка“ на 64-от Меѓународен филмски фестивал Сан Себастијан

Познати добитниците на наградите на годинашниот Меѓународен филмски фестивал Сан Себастијан како најзначаен филмски фестивал на меѓународно ниво на Шпанија.

Наградата „Златна школка“ за најдобар филм на фестивалот што се одржува по 64-ти пат ја доби филмот „Јас не сум Мадам Бовари“ (I am not Madame Bovary) на кинескиот режисер Фенг Сјаоганг (Feng Xiaogang).

Истиот филм стана добитник и на наградата за најдобра женска улога.

Инаку филмот „Јас не сум Мадам Бовари“ (I am not Madame Bovary) поради тоа што изнесува остри критики против јавната администрација доби цензура во Кина и не можеше да се прикаже во оваа земја. 

Еве ги доделените награди на меѓународниот филмски фестивал Сан Себастијан:

- Најдобар филм: „Јас не сум Мадам Бовари“ (I am not Madame Bovary) на кинескиот режисер Фенг Сјаоганг (Feng Xiaogang)

- Најдобар режисер: Корејскиот режисер Хонг Санг-Со (Yourself and Yours)

- Најдобра машка улога: Шпанскиот актер ЕДуардо Фернандез (El Hombre de las mis caras)

- Најдобра женска улога: Кинеската актерка Фан Бингбинг (I am not Madame Bovary)

- Најдобро сценарио: Родриго Сорогојен и Изабел Пена (Que Dios Nos Perdone)

- Специјална награда на жирито: Филмот „El İnvierno“ на аргентинскиот режисер Емилијано Торес и „The Giant“ на шведскиот режисер Јоханес Нихолм

- Награда за латински хоризонти: „Rara“ (Чиле).



Слични вести